еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Намалување на цените на безалкохолните и алкохолните пијалоци за 10% наредната недела

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на својот Фејсбук профил информира дека цените на безалкохолните и алкохолните пијалоци ќе се намалат за 10 отсто во наредниот период.

Тој информира дека добил неколку писма од домашни производители на минерална вода, сокови и пиво кои го известиле дека доброволно се вклучуваат во кампањата „гарантирана цена”.

-Намалување на цените на безалкохлните и алкохолните пијалоци! Денеска добив неколку писма од нашите домашни производители на минерална вода, сокови, пиво кои ме известија дека доброволно се вклучуваат во кампањата „гарантирана цена” со намалување на цените од минимум 10 отсто!, наведува Бектеши на својот Фејсбук профил и изразува благодарност за подршката.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарија го повлече амбасадорот Ангелов и се закани со стопирање на меѓувладините проекти

Редакција

Детална листа: Владата донесе нови мерки и препораки за превенција на корона вирусот

Редакција

35-годишниот маж кој изгоре во стан во Хром бил убиен

Редакција