еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарија го повлече амбасадорот Ангелов и се закани со стопирање на меѓувладините проекти

Министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков попладнево изјави дека бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов ќе остане надвор од Македонија се додека, како што рече, Софија не види знаци на промена.

Милков и Ангелов беа сослушани на Комисијата за надворешна политика. Во изјава за медиумите Милков рече дека „ако Македонија продолжи да се однесува така возможно е повторно Бугарија да стави вето“.

„Македонија за да продолжи по својот европски пат мора да ги почитува преземените обврски во рамки на европскиот предлог. Нема потреба Бугарија да прави ништо, туку да обезбеди почитување на обврските што Македонија ги презеде. Во самиот предлог нема рокови, тие може да не ги исполнат со децении, што значи дека нема да почнат преговори,“ изјави Милков.

Бугарскиот министер за надворешни работи додаде дека Софија останува отворена за дијалог ако се разгледуваат проекти за заштита на Бугарите во Македонија.

„Ако тоа не се случи можеме да ги стопираме сите други меѓувладини проекти,“ рече Милков.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Оливер Спасовски и Влатко Ѓорчев се кршеа со велигденски јајца во Бигорскиот манастир

Редакција

Македонската актерка Дарја Ризова најдобра меѓународна актерка во Турција

Редакција

Заев предложи разрешување на Лидија Димова

Редакција