еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МНР ја осуди изјавата на Џамбаски, му порачаа на Пендаровски да реагира кај Радев

Министерството за надворешни работи вечерва реагираше и ги осуди изјавите на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски со кои го потсетува претседателот Стево Пендаровски како завршиле во минатото сите оние кои се обиделе да им забранат влез на лидери на ВМРО.

Од МНР информираат дека по дипломатски пат е известено и бугарското Министерство за надворешни работи.

-Во овој случај, Министерството ќе му препорача и на Претседателот да реагира соодветно до својот колега, претседателот Румен Радев, а за ова однесување известување и барање за оградување ќе биде побарано и од претседателот на Европскиот парламент, се вели во реакцијата.

Заканите и изјавите за закани, како што се наведува во соопштението, се прашање со кое се занимаваат безбедносните органи.

„Очекуваме тие сериозно да ги земат предвид последните изјави на Џамбаски и да донесат соодветна одлука за негов ограничен пристап во земјава,“ се наведува во реакцијата од МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кабинетот на Пендаровски за изјавите на Џамбаски: Ставовите на претседателот беа дадени по Советот на безбедност, надлежностите сега се кај Владата

Османи треба да одлучи за Џамбаски, вели премиерот

Џамбаски доаѓа во Скопје на 4 февруари и му се закани на Пендаровски со атентат

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по скопските болници

Редакција

На Токсикологија во Скопје синоќа примени 22 пациенти во алкохолизирана состојба, во Ургентниот центар извршени 80 прегледи

Редакција

Поради операција на еден од обвинетите одложено судењето за сообраќајката кај Ласкарци

Редакција