еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Џамбаски доаѓа во Скопје на 4 февруари и му се закани на Пендаровски со атентат

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски во интервју за бугарската Нова ТВ изјави дека ќе дојде на 4. февруари во Скопје за одбележување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, иако не го планирал тоа.

Се решил да дојде оти македонскиот претседател Стево Пендаровски барал да му се забрани влез во Македонија и идиректно му се закани со атентат, порачувајќи му дека и во минатото други личности се обидувале да забранат влез на лидери на ВМРО, посочувајќи го како пример некогашниот југословенски крал Александар Караѓорѓевиќ, кој беше убиен во атентат во Марсеј во 1934 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На одбележување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, лица од Бугарија ќе сакаат да ја дестабилизираат земјата, оцени Пендаровски

Забрана за влез на Ангел Џамбаски и други бугарски граѓани, предложи Пендаровски до Владата

„Сакам да му порачам на Стево Пендаровски, наречен Стево Коминтерна, дека и во минатото имало личности кои се обидувале да им забранат влез на лидери на ВМРО во Македонија.

Последниот таков пример е со југословенскиот, поточно со српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ. Ако се обидат да ми забранат влез во Македонија нека погледнат во историјата и нека учат од неа“, рече Џамбаски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На 4. февруари ќе одлучуваме дали Џамбаски ќе влезе во Македонија за чествувањето на Гоце Делчев, вели Спасовски

Фото: Џамбаски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Урнебесни видеа: Како се справуваат луѓето низ светот со карантинот и самоизолацијата поради корона вирусот

Редакција

(ВИДЕО) Македонија го победи Косово, фудбалерите прославија со „Едно име имаме„

Редакција

ЗНМ: Кризата предизвикана од Ковид-19 ги исфрли на врвот сите доблести, но и слабости на новинарството

Редакција