еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

На 4. февруари ќе одлучуваме дали Џамбаски ќе влезе во Македонија за чествувањето на Гоце Делчев, вели Спасовски

Во одговор на новинарско прашање дали бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски ќе биде вратен назад, ако се појави на границата за да присуствува на одбележувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев на 4 февруари, министерот Оливер Спасовски денеска одговори дека за тоа ќе одлучува тогаш.

– Ќе одлучиме на 4 февруари, нагласи Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Џамбаски доаѓа во Скопје на 4 февруари и му се закани на Пендаровски со атентат

Владата не донесе одлука за забрана за влез на Ангел Џамбаски во Македонија

На прашањето зошто не се прифатени предлозите за прогласување на непожелни личности, Спасовски беше дециден дека врвен приоритет ќе биде да се сочува, мирот, стабилноста и јавниот ред заради тоа што тоа не е добро и за политичките односи внатре во државата и помеѓу соседите.

– Знаеме дека имаме радикални структури кои заради некакви лични, политички и секакви други интереси, сакаат да се нарушува тој процес на стабилизација на односите од една страна. Од друга страна заради тоа што никако не смееме да дозволиме да се наруши и безбедноста на нашите граѓани, изјави министерот за внатрешни работи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР ќе го обезбедува одбележување на раѓањето на Гоце Делчев во Скопје

Спасовски меѓу другото информира дека МВР работи заедно со Агенцијата за национална безбедност и со безбедносните служби во размена на податоци и на информации и врз основа на тие податоци и информации, ќе носи одлуки во секој поглед.

Според него, сите тие податоци и информации, што беа дадени се дел од анализите што се прават, а за секоја одлука треба да има и време и момент кога ќе биде донесена.

– Прво и основно заштита на мирот и безбедноста и најважно заштита на нашиот национален интерес, идентитет, нашето право на самоопределување и на достоинството на македонскиот народ и на македонските граѓани, изјави Спасовски.

Министерот Османи во однос на забраните за граѓани кои навредуваат, како што рече, треба да воведеме принцип кој ќе навреди на територија на Македонија, ќе го оспори постоењето на македонскиот народ или ќе покаже територијални претензии, истиот ден треба да му се забрани понатамошен влез во земјава.

– Овој принцип треба да ни биде основа за нашата политика по однос на овој проблем. Тоа треба да го знаат сите, ако го знаат ќе бидат многу внимателни и само на тој начин ќе го прекинеме тој циклус, потенцира Османи, додавајќи дека не треба да се има ретроактивен пристап во ниту еден проблем.

На новинарско прашање во однос на изјавата од претседателот на државата Стево Пендаровски за поврзаноста со руски структури на некои лица, министерот Спасовски истакна дека сите активности што се преземаат за да се спречи патот на земјава кон ЕУ се истите оние од времето кога го одевме патот за членство во НАТО и се поврзани со геостратешки политики.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На одбележување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, лица од Бугарија ќе сакаат да ја дестабилизираат земјата, оцени Пендаровски

– Дека има влијание од други земји што сметаат дека овде им се испреплетуваат нивните геостратешки интереси, има. Дали тие сили имаат поддржувачи на територијата на државата, да, има, изјави меѓу другото Спасовски.

Тој нагласи дека нас како држава не интересира да го заштитиме националниот интерес и затоа ќе се преземат мерки против сето она што е во спротивно на остварувањето на националните интереси.

– Тие кои го блокираат процесот на пристапување кон ЕУ, не понудија алтернатива. Која е алтернативата за Северна Македонија и за нашиот регион. Се додека нема алтернатива, тој пат што сме го избрале е единствен. Ние сме владина структура што апсолутно е посветена на остварување на овие интереси. Не може и не смее да има поединец или организација што ќе биде посилен од државата. Тоа нема да го дозволиме, порача министерот Спасовски.

МИА/Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Конзорциум предводен од „Македонски телеком“ го доби тендерот на Град Скопје за паметно осветлување и дигитален град вреден 6,5 милиони евра

Редакција

Кои се членовите на Кoмисијата која одлучуваше за пратеничкиот имунитет на Трајко Вељаноски

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ: Вчера беа погребани европските вредности во Македонија

Редакција