еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

На Токсикологија во Скопје синоќа примени 22 пациенти во алкохолизирана состојба, во Ургентниот центар извршени 80 прегледи

На Клиниката за токсикологија во текот на новогодишната ноќ биле примени 22 пациенти во алкохолизирана состојба, од кои најмладиот имал 14 години.

Ридван Бајрами, директор на Клиниката за токсикологија изјави дека на клиниката синоќа биле примени шест жени и 16 мажи во алкохолизирана состојба.

– За жал, доминира младата популација, малолетници од 14 до 18 години. Сите биле третирани во амбуланта и пушетни на домашно лекување, рече Бајрами.

Во Ургентниот центар во Скопје извршени 80 прегледи

Синоќа во Ургентниот центар во Скопје биле извршени 80 прегледи, од кои четири биле резултат на сообраќајни незгоди, а четири на физички напади.

Александар Трајановски, директор на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) истакна дека сите случаи биле со лесни телесни повреди, без потешки последици и се пуштени во домашно лекување.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На 30 минути беше прекинато тргувањето на Македонската берза, индексот забележа пад од 8,39%

Редакција

По кратко и тешко боледување, почина познатиот српски актер Жарко Лаушевиќ

Редакција

Самит Македонија 2025: Економски развој преку поголема примена на нови технологии, иновации и целосна дигитална трансформација на општествата

Редакција