еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Нов прекин на железничкиот сообраќај

Железничкиот сообраќај во земјава од седум часот утрово е во прекин.

Причина за бојкотот на работата е неисплатениот надомест за материјални трошоци што машинскиот и извршниот персонал на „Железници транспорт“ требал да го добие заклучно со вчера.

Како што вели претставникот на машинскиот персонал, Душко Чакаровски, утрово, пред седум часот, сообраќале само две лини, за Битола и за Гевгелија, по што сообраќајот е во целосен прекин.

Чакаровски објаснува дека бојкотот е согласно Одлуката од ноември лани која предвидува најдоцна до 25 во месецот на машинскиот и извршниот персонал да им биде во целост исплатена платата за претходниот месец, а најдоцна до 10-ти во месецот да ги добијат и материјалните трошоци.

МИА/Фото: Македонски железници

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починаа осум лица, дополнително пријавени уште шестмина

Редакција

Ангропромет Тиквешанка лани со добивка и зголемени приходи

Редакција

„Минатата ноќ во Украина беше брутална, не прифаќам разговори во Минск кој е соучесник во војната,“ рече Зеленски

Редакција