еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

„Минатата ноќ во Украина беше брутална, не прифаќам разговори во Минск кој е соучесник во војната,“ рече Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски не сака да води разговори со Москва во Белорусија, туку предлага тие да се водат во Варшава, Братислава, Будимпешта, Истанбул, Баку.

Во националното обраќање утрово, Зеленски рече дека останува отворен за разговори на други локации кои не покажуваат агресија против Украина.

Според Зеленски, руските потези се тактични и територијата на Белорусија е искористена за инвазија врз Украина.

„Минатата ноќ во Украина беше брутална, повторно пукање, повторно бомбардирање на станбени области, цивилна инфраструктура“, рече Зеленски во обраќањето објавено на интернет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) За време на бомбардирањето на Киев, погодена детска онколошка клиника едно дете загинало, две се повредени

Фото: Фејсбук/Зеленски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Редефинирање на луксузот – италијанскиот дизајн се среќава со македонскиот концепт на одржлива мода

Редакција

МПЦ-ОА ги прифати во своја канонска јурисдикција архијереите на поранешната ПОА

Редакција

(Фото) Прелет на американските бомбардери Б-52 над Скопје

Редакција