еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

На новинарите им е забранет пристапот до црквата Свети Спас, ЗНМ со остра реакција

Во пресрет на чествувањето за Гоце Делчев, Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) потенцира дека со оглед на тоа што станува збор за настан од исклучителен јавен интерес, неопходно е да се обезбедат услови за непречено известување на новинарите, како на самиот ден на известување така и денеска.

-Здружението на новинарите на Македонија реагира на односот на полициските службеници кои во текот на денешниот ден спречуваа новинари и медиумски екипи да си ја вршат професионално својата работа околу црквата Свети Спас во Скопје.

До ЗНМ пристигна реакција од повеќе колеги новинари и медиумски работници кои биле спречени при вршење на професионална работата на јавен простор околу црквата Св. Спас каде се наоѓаат моштите на Гоце Делчев.

На прашањето зошто не смеат да снимаат, од службата за комуникации при МВР добиле одговор дека имаат таква наредба, притоа без детали за одлуката.

Бараме од МВР да овозможи пристап и да не го попречува правото на работа на новинарите и правото на информирање на граѓаните.

ЗНМ бара од МВР да овозможи пристап за новинарите и медиумските екипи, на локациите за кои новинарите сметаат дека се важни за јавноста, со цел да се заштити слободата на известување и јавно информирање.

Со почит кон безбедносните протоколи и проценки на МВР, укажуваме дека тие не треба да водат кон цензура во која новинарите и јавноста би биле лимитирани или целосно ускратени за информациите кои се поврзани со овој настан од исклучителен јавен интерес, велат од ЗНМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гоце Делчев сигурно се превртува во гробот од тоа што му се подготвува за роденденот

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владо Мисајловски ќе ги координира градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Утре почнува судењето за „Рекет“: Што ќе донесе првото рочиште?

Редакција

Убава вест: Нема починати од Ковид-19

Редакција