еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Прекршочни налози за повеќе општински советници, директори и членови на управни одбори кои истовремено извршуваат и други функции

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната 81 седница информираше за извршена редовна проверка на поднесените Изјави за интереси и утврдените прекршувања на забраните од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, при што се утврдени повеќе случаи каде членови на Совети на општини, истовремено извршуваат и други функции.

Антикорупционерите утврдиле случаи, каде што, член на Совет на општина е истовремено и в.д. директор на јавно претпријатие, друг член на Совет на општина истовремено е и директор на јавна здравствена установа – Здравствен дом, потоа член на Совет на општина, кој е и адвокат, друг член на Совет на општина е и претседател на училишен одбор на ОУ, како и член на Совет на Град Скопје, кој е и адвокат.

ДКСК, исто така, утврдила и случај каде што в.д. директор на јавно претпријатие и сопственик и управител на приватна фирма, член на Совет за заштита на потрошувачите и претседател на управен одбор на ЈЗУ, в.д. директор на јавно комунално претпријатие и сопственик на кој што управува со приватна фирма, член на управен одбор на Клиника за гастроентерохепатологија и член на управен одбор на детска градинка, како и член на управен одбор на ЈЗУ Клиника за уво, нос и грло и адвокат.

Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, појасни дека согласно законот избрано и именувано лице не може да биде ниту член на управен одбор, ниту во друг управен орган и други забрани кои што треба да се почитуваат.

– До сите лица ќе се достави известување со барање да се откажат од едната функција и ќе се спроведе постапка за порамнување со издавање на прекршочен платен налог, изјави Ивановска.

ДКСК, на денешната седница, меѓу другото, најави дека од понеделник ќе почне да функционира регистарот на избрано и именувани лица на Државната комисија за спречување на корупцијата, што значи дигитализација на поднесувањето на известување од лицата и институциите при избор, со што ќе се избегне чекање за доставување на хартиени документи и побрзо детектирање на прекршувања.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерката Петровска бара Кривичен да ја преиспита одлуката за неодредување притвор за напаѓачите во М-НАВ

Редакција

Владата не се меша во работата на ИВЗ, велат од таму за обвинувањата на Реџепи

Редакција

Одбраната смета дека по исказот на Заев треба да се повлече обвинението за 27 април против Вељаноски, Ристовски и Јанакиески

Редакција