еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пендаровски и вработените во неговиот Кабинет останаа без плата за јануари

Од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски потврдија дека тој и вработените во неговиот Кабинет не зеле плата за јануари годинава.

-Образложението кое го добивме од Министерството за финансии е дека во Буџетот за 2023 година нема дополнителни средства за исплата на плати за вработените во Кабинетот на претседателот и го сметаме за неосновано, соопштија денеска од Кабинетот на Пендаровски.

Кабинетот на претседателот во согласност со потпишаниот Колективен договор со Синдикатот на вработените, предвиде покачување од 5 проценти на плата само за државните службеници кои се вработени во Кабинетот на претседателот, велат од таму и посочуваат дека оваа покачување не се однесува за претседателот, именуваните лица и посебните советници во Кабинетот.

-Средствата за Буџетот во 2023 година се обезбедени преку сопствени заштеди во буџетот на нашата институција и за ова не се побарани дополнителни средства од Министерството за финансии, се појаснува во соопштението.

Барањето за финансиски средства за плата за месец јануари 2023 година, кое Кабинетот на претседателот го доставил до Министерството за финансии, се наведува во соопштението, е изработено во согласност со Законот, во рамки на одобрените средства во Буџетот на Македонија за 2023 година, буџетскиот корисник – претседател и во согласност со Колективниот договор за вработените при претседателот.

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И директорот на ЈП „Дрисла“, Јане Мицевски поднесе оставка

Редакција

Австралија со илјадници војници на улиците на Мелбурн ќе спречува втор бран на корона вирусот

Редакција

Детален преглед: Кисела Вода меѓу трите скопски општини со најмногу активни случаи на Ковид-19

Редакција