еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Австралија со илјадници војници на улиците на Мелбурн ќе спречува втор бран на корона вирусот

Австралиската војска денеска соопшти дека испраќа илјадници свои припадници на улиците во Мелбурн за да спречи втор бран на зараза во градот кој е ново жариште на корона вирусот.

Сојузната држава Викторија бележи зголемување на бројот на новозаразени со корона вирусот, со речиси 150 случаи на ден во текот на изминатата недела.

Иако бројот е сè уште мал во споредба со другите земји во светот, избувнувањето на заразата ја загрижи Австралија, која почна да ги олеснува рестриктивните мерки откако успешно го совлада вирусот.

Министерката за одбрана Линда Рејнолдс денеска соопшти дека илјадници војници ќе бидат испратени на улиците на Мелбурн „во наредните денови“.

Околу 850 војници ќе ги надгледуваат патниците од странство кои се во карантин во хотелите, додека околу двесте други ќе обезбедат логистичка и медицинска помош на локациите за тестирање, додаде министерката.

Австралиската војска веќе е на терен и ги чува границите на сојузните држави кои се затворени за посетители, но новото излегување на улиците на толку голем број војници е без преседан во кризата со коронавирусот.

Вирусот во вториот по големина град во Австралија се прошири во пошироки семејства, хотел за карантин за странски патници во карантин и во продавница за облека.

Австралија на 25 милиони жители до сега регистрира околу 7,5 илјади случаи на зараза, со 103 смртни случаи.

МИА/Фото: Гардијан

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Семос“ го доби тендерот на Агенцијата за вработување за обука вреден 389.000 евра

Редакција

„Македонски телеком“ бележи раст, а „Оне.Вип“ пад во уделот на пазарот на мобилна телефонија

Редакција

Жените заедно, хумана иницијатива на Women’secret

Редакција