еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Гоце Делчев сигурно се превртува во гробот од тоа што му се подготвува за роденденот

Чествувањето на 151-годишната од раѓањето на македонскиот револционер Гоце Делчев стана специјална операција во која ќе бидат ангажирани бројни полицајци (кои ќе ги платат македонските граѓани), едни да ги чуваат бугарските граѓани кои органзирано ќе дојдат од Бугарија, а други ќе се грижат обележувањето на роденденот во Скопје да помине без инциденти.

Улиците околу црквата Свети Спас каде почива великанот се затвараат, ќе се проверува кој се ќе дојде, македонски опозициски партии најавија „чување“ на неговиот гроб, граѓани најавуваат блокади на патишта за да не дојдат бугарските граѓани…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од денеска до сабота затворени улиците околу гробот на Гоце Делчев

(Фото) Граѓани ќе блокираат патишта за да Бугарите не стигнат до гробот на Гоце Делчев на 4. февруари

Гоце сигурно не посакувал вакво сценарио, и најверојатно се превртува во гробот, а знае многу убаво и кој е режисерот.

Чудно (или воопшто не), Бугарите претходно не правеа толкава галама и не се организираа толку драматично за да дојдат да се поклонат на гробот на Гоце, кој сакал да почива во мир во независна Македонија, па затоа и неговите мошти од Бугарија се пренесени во Македонија, а овој исечок од весник сведочи како тогаш тие го доживувале Делчев:

И покрај тоа што речи секоја негова позната изјава е поврзана со Македонците и Македонија, нашите соседи упорно, дури и со уцени за влез на земјата во Европската Унија, сакаат на сила да го направат Бугарин и да ја ретушираат историјата.

Зошто Гоце ако е Бугарин би рекол: „Македонија има свои интереси и своја политика.Тие им припаѓаат на сите Македонци. Оној што сака да работи на присоединувањето на Македонија кон Бугарија, Грција или Србија, тој може да се смета за добар Бугарин, Грк или Србин, но не и за добар Македонец“.

Јасно е што сакаат Бугарите да постигнат. Уште еднаш Македонија и македонскиот народ да бидат прикажани како нецивилизирани и да добијат уште еден ас во нивната стратегија Македонија да се одалечи што е можно подалеку од ЕУ или да се согласи под уцени да се бугаризира.

Тоа го докажаа бројни пати не само последните неколку години, туку тоа го прават со децении.

Уште еднаш го покажаа и вчера кога на последниот ден пред распуштањето на бугарското собрание, наместо да дебатираат за своите проблеми, кои ги имаат поприлично многу, сите политички партии без дискусија донесоа некаква си декларација за осуда на “насилство“ врз Бугарите во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што пишува во новата декларација на Бугарија за Македонија

Апсурдно е земја која не признава цела една нација, не ја признава нејзината култура и јазик да носи вакви декларации.

Да не дозволиме инциденти на овој голем ден за Македонија и македонскиот народ, но и голем ден за Гоце. Тоа ќе оди само во прилог на источниот сосед. Делчев тоа сигурно не би го сакал!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Македонија нема да дојдат бугарски полицајци за чествувањето на роденденот на Гоце Делчев

(Видео) Нема да се дозволи никаков инцидент на чествувањето на Гоце Делчев, уверуваат Спасовски и неговиот бугарски колега

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 56 пациенти кои боледуваа од Ковид-19

Редакција

Власта и опозицијата во Охрид воздржани за спасување на човечки животи: Да „нацртаме“ што претставува Планинската спасителна служба при Црвен Крст Охрид

Редакција

Цените на земјоделските производи ќе се одмрзнат, Бектеши тврди дека струјата нема да поскапи

Редакција