еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Власта и опозицијата во Охрид воздржани за спасување на човечки животи: Да „нацртаме“ што претставува Планинската спасителна служба при Црвен Крст Охрид

Планинската спасителна служба на Црвен Крст Охрид, постои од 2002 година, но преку проектот „Регионот Охридско Езеро безбедна дестинација за авантуристички туризам“ финансиран од фондовите на Европска унија, тие прераснаа во вистинска служба, која може да одговори на повиците за интервенции 24 часа, седум дена во неделата.

Со средства од првиот повик преку ИПА 2 програмата, тие ја изградија основната инфраструктура, односно оперативен центар во кој делуваат, а набавија и модерна и софистицирна опрема без која, денес не може да се замисли делувањето на ниту една спасителна служба во светот.

Во рамките на првиот проект финансиран од Европска унија, беа имплементирани и голем дел од препораките на Меѓународната комисија за алпско спасување, која е репер и креатор на критериумите во оваа сфера.

Раководителот на Планинската спасителна служба и проектен менаџер Антонио Додевски за „Агенда 35“ вели дека оваа успешна приказна била препознаена од страна на Европската делегација во Скопје и продолжуваат со реализација на проект, во рамки на вториот повик на ИПА-2 програмата.

Согласно претходните статистики кои ги имале, бројот на несреќи најчесто се случувале во летниот период и биле соочени со недостаток на специјализирани средства за спасување, поради што биле принудени да импровизираат.

Со помош на вториот проект поддржан од ЕУ обезбедена е врвна опрема за безбедност на спасителите и лесен пристап до местото на несреќата, одржале бројни обуки за спасување во зимски услови, на нетехнички планински терен, за што би се интервенирало во несреќи во помал обем, а потоа, обучените луѓе и да ѝ асистираат и на Планинската спасителна служба во случај на комплексни операции.

Кои региони ги покрива Планинската спасителна служба на Црвен Крст Охрид?

Планинската спасителна служба на Црвен Крст Охрид, покрива пет општини на територијата на нашата држава и две општини на територија на Албанија, бидејќи станува збор за регионална прекугранична служба.

„Ги покриваме Охрид, Струга, Вевчани, Дебрца, Ресен од наша страна, Подградец и Грамш од албанска страна. Иако стоиме на располагање во комплексни операции било каде во нашата држава или соседството.

Доколку сложеноста на операцијата налага одложено време на дејствување стоиме на располагање со целокупниот кадар кој го имаме да помагаме. Оптималното време на интервенција, според стандардите, нам не ни дозволува да го прошириме овој регион,“ вели Додевски.

Додевски потенцира дека имаат 20-годишно искуство во теренска работа, но ЕУ-фондовите им помогнале да воспостават квалитетен систем, во чија што одржливост треба да се вклучи државата.

„Благодарение на проектите финансирани од ЕУ имаме доволно искуство во менаџирање со проекти. Се надеваме и сметаме дека тоа е еден добар начин да се воспостави еден квалитетен систем, но позади овој систем, мора да потенцирам, мора да застане државата.

Не е проблем преку фондови да се воспостави нешто, но одржливоста треба да падне на товар на државата, посебно кога станува збор за спасување и гарантирање на безбедност на граѓаните на една држава,“ вели Додевски.

Планинската спасителна служба на Црвен Крст Охрид учествувала во различни акции за спасување, вклучувајќи и туристи кои практикуваат авантуристички туризам.

Но сепак, посочува Додевски, потребно е локалните и државните институции да ги помагаат ваквите служби, бидејќи услугите ги користат и локалното население.

„Најчесто туристите се вклучени во активности во поризични категории параглајдинг, планински велосипедизам, иако често интервенираме во планински сообраќајни несреќи, тракторски несреќи на терен, како и сообраќајни несреќи за превртени возила во длабоки провалии.

Меѓутоа, генералната статистика барем до овој момент, укажува на тоа дека повеќе од 70 проценти од несреќите биле со наши граѓани, а 30 проценти со туристи.

Ова укажува на тоа дека локалните и државни институции треба да водат малку повеќе грижа за сопствените граѓани и да ги помагаат ваквите служби за да имаме поквалитетен живот особено во руралните средини,“ додава Додевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За едно евро по глава на жител, Советот на Општина Охрид ја „фрли“ Планинската спасителна служба

Нека им служи на чест: Власта и опозицијата во Охрид за прв пат се обединија и тоа против Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид

Фото: Фејсбук/Додевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Утре дожд и снег, од понеделник температури до 19 степени

Редакција

Ердоган: Шведска да не очекува поддршка од Турција за влез во НАТО

Редакција

Макпетрол: Намалувањето на маржата ќе предизвика криза со горивата и блокада на економијата

Редакција