еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

За едно евро по глава на жител, Советот на Општина Охрид ја „фрли“ Планинската спасителна служба

Советот на Општина Охрид, речиси едногласно ја отфрли одлуката за финансиска поддршка на Планинската спасителна служба при Црвен Крст Охрид.

Оваа служба се финансира благодарение на проекти од Европската унија, а анализата на Европската делегација во Скопје покажала дека бенефитот од проектите кои ги спроведува Планинската спасителна служба на Црвен Крст Охрид е огромен.

Раководителот на Планинската спасителна служба и проектен менаџер Антонио Додевски за „Агенда 35“ вели дека со 4,8 евра инвестиција по глава на жител, се овозможува нов сервис кој функционира европски на територија на две држави, Македонија и Албанија.

„Тоа е вкупната инвестиција од двата проекти земени во предвид, за да добиеме ефикасен систем кој делува независно од комплексноста на операциите и независно од временските прилики.

Друг податок е оној што ние го направивме во студијата за финансиска одржливост на службата која имаше за цел да направи целокупна оценка и да ги мотивира општините да се вклучат во овој процес.

Согласно студијата, утврдивме дека со едно евро по глава на жител, годишно, доколку издвојат општините, ние ќе имаме доволно средства да ги покриеме сите трошоци кои се случуваат во службата, дури и да имаме периодични планови за капитални инвестиции, доопремување, набавка на нови ресурси, одржување на целиот систем, сите обкекти, возила, итн.

Многу беше интересно што во прв момент кога ја презентиравме студијата наиде на воодушевување од страна на градоначалниците од регионот, сите беа заинтересирани, сите кажаа дека тоа не е голем издаток за она кое се нуди за граѓаните.

Но, две години потоа, со некои општини потпишавме меморандум и останавме на тоа, со некои општини не ги потпишавме. После извесно време се уплашија дека веднаш ќе мора да уплаќаат средства.

Ако го пресликаме тоа на државно ниво, ако земеме предвид дека нас ни се потребни 3 до 4 регионални служби, може да испадне помалку од едно евро по глава на жител на државно ниво.

Можеби сумата ќе дојде до 0,25 центи по глава на жител на државно ниво, за нашата држава да има ефикасен систем.

Но, ефикасен систем може да креираат луѓе кои имаат сериозно искуство, не само во областа на спасувачите, туку и менаџментот. Го имаме, функционира и треба да се примени на ниво на цела држава и да наидеме на поголемо разбирање од страна на државните институции,“ вели Додевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нека им служи на чест: Власта и опозицијата во Охрид за прв пат се обединија и тоа против Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид

Власта и опозицијата во Охрид воздржани за спасување на човечки животи: Да „нацртаме“ што претставува Планинската спасителна служба на Црвен Крст Охрид

Фото: Фејсбук/Додевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 162 случаи со Ковид-19 од 1.350 тестирања, најмногу во Скопје

Редакција

Скопјанец имал 4 милиони евра бруто-доход во 2021 година, најмладиот милионер има 8, а најстариот 96 години

Редакција

Вкупно 2.715: Од Ковид-19 починаа 13 лица

Редакција