еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Нема да се дозволи никаков инцидент на чествувањето на Гоце Делчев, уверуваат Спасовски и неговиот бугарски колега

Министрите за внатрешни работи на Македонија и Бугарија, Оливер Спасовски и Иван Демерџиев денеска од Скопје порачаа дека нема да се дозволи никаков инцидент на чествувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, што треба да се одржи в сабота и оти во тој правец македонската полиција ги презема сите потребни мерки.

„Ова е во услови на малку зголемени тензии, различни најави за нарушување на јавниот ред и мир. Сакаме да упатиме јасна порака дека нема да биде дозволен никаков инцидент.

Македонската полиција ги презема сите неопходни мерки и активности и апсолутно не смее да се дозволи инцидент, односно ќе се обезбеди чествување како што доликува на нашиот великан Гоце Делчев,“ изјави министерот Спасовски по средбата со бугарскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи, Демерџиев.

Дека ќе се работи на обезбедувањето мирно и спокојно чествување на Гоце Делчев по средбата потврди и Демерџиев.

„Ги добив сите информации од колегата Спасовски дека се ќе биде обезбедено, дека ќе бидат преземени апсолутно сите мерки за безбедно одвивање на настанот. И јас исто така го уверив дека луѓето коишто ќе дојдат на чествувањето во никој случај нема да дозволам да предизвикаат какви било провокации или да дојде до несакани настани.

Постигнавме согласност дека се ќе биде во најголем ред за одвивање на овој настан и да не дозволиме некои луѓе да се обидат да го распалат огинот, каде што го нема. Целта е да се одржи чествување на еден великан Гоце Делчев, а не да биде центар и место каде што ќе настанат радикални појави,“ изјави Демерџиев по средбата со неговиот македонски колега во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ на 4. февруари цел ден ќе го чува гробот на Гоце Делчев

(Фото) Граѓани ќе блокираат патишта за да Бугарите не стигнат до гробот на Гоце Делчев на 4. февруари

Џамбаски доаѓа во Скопје на 4 февруари и му се закани на Пендаровски со атентат

МИА/Фото/видео: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

15-годишна девојка почина од Ковид-19 на Клиниката за инфективни болести

Редакција

Русија побара од Врховниот суд да го прогласи украинскиот Азовски полк за терористичка организација

Редакција

Нов сервис на Македонската берза – податоци за инвестициските фондови

Редакција