еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Нов сервис на Македонската берза – податоци за инвестициските фондови

Македонската берза изработи сервис за податоците за вредноста на уделите и приносите на отворените инвестициски фондови што се објавуваат на нејзината веб страна, каде што со класичен http request може да се пристапи до структуирани податоци за инвестициските фондови во JSON или XML формат, информираат од таму.

Податоците од овој нов сервис на Берзата се достапни без надомест.

За да се добиваат податоци од продуктот потребно е најнапред да се пополни формуларот за регистрација кој може да се најде на следниов линк: feeds.mse.mk.

По извршената регистрацијата се добива електронска порака насловена „mse data feeds” во која е содржан линк за потврда на направената регистрација. По конфирмацијата на регистрацијата, повторно се добива електронска порака во кој ќе биде наведен и токенот за пристап до податоците. Исто така, во оваа порака е содржан и линк до деталната техничка спецификација на сервисот.

За повеќе прашања во врска со користењето на овој сервис на Берзата обратете се на следнава е-маил адреса: [email protected].

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата го усвои протоколот за работа на игротеките

Редакција

Во сообраќајна несреќа загина синот на поранешниот пратеник Крсто Мукоски

Редакција

Драма за тутунот во Љуботен, еми што ќе се случи ако се чепне нарко, фармацевтската, градежната… мафија?

Редакција