еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Горивата поскапуваат до еден денар за литар

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар за литар, а цената на дизелот се зголемува за половина денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,5 отсто.

Новата малопродажна цена на „Еуросупер БС-95“ ќе изнесува 84 денари за литар, „Еуросупер БС-98“ ќе се продава за 86, а дизелот за 84,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за еден денар за литар се намалува малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и ќе изнесува 82,5 денари. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, пак, се зголемува за 0,304 денари за килограм и ќе изнесува 41,346 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,344 отсто, кај дизелот за 1,201 и кај мазутот за околу 1,362 отсто, додека намалување во просек за 0,948 отсто има кај екстра лесното масло за домаќинството. Курсот на денарот во однос на доларот е за околу 0,333 отсто понизок од курсот на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Меѓу преживеаните во несреќата во Бугарија е и српски државјанин, кој повреден помогнал во евакуација на патници

Редакција

Вежбај. Читај книга. Гледај филм. Седи дома: Креативни совети за „битката„ со корона вирусот

Редакција

Одложено првото рочиште против докторите кои и извадија три органи на родилка

Редакција