еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Сè уште трае истрагата за избеганиот затвореник од Идризово

Министерот за правда Никола Тупанчевски денеска изјави дека се уште трае истрагата во врска со бегството од затворот Идризово, а не сакаше да ги коментира информациите дека Министерството за правда ќе биде предмет на преговори за влез на Алијансата за Албанците во Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) МВР објави фотографија од затвореникот Беким Мемети, кој при бегство рани затворски полицаец

За што е осуден Беким Мемети, кој избега од Идризово и рани затворски полицаец

Одговарајќи на новинарско прашање, рече и дека до него сè уште не стасале случаи поврзани со имињата на бугарските клубови и дека рокот за тоа се уште тече.

„Знаете дека првиот човек на Управата за извршување на санкции е разрешен и при коментирањето и сугерирањето за тоа каков би требало да биде правниот епилог за сиве овие настани што ни се случуваат, би требало да се има комплементарен пристап, а тоа значи каква и да е одговорноста и за кого било, би требало да биде индивидуална, констатирана и потенцирана.

Сè уште трае истрагата, се уште се констатираат дефектите, недостатоците што беа поврзани со последните настани. Јас верувам дека сето тоа ќе има и правен епилог,“ рече Тупанчевски.

Тупанчевски не сакаше да ги коментира информациите дека ќе има негова смена од министерското место за сметка на влезот на Алијансата за Албанците во Владата.

„Дефинитивно она што вие го слушате, го слушам и јас. Немам некоја поконкретна информација. Сведоци сме дека има некакви поместувања, дека тоа се во иницијални преговори и разговори, итн..

Она што сакам да потенцирам и посебно да подвлечам е дека ние како Министерство за правда до последен ден, ако има последен ден од мандатот, ќе ја завршуваме и ќе ја вршиме својата функција и своите обврски онака како што сме ги замислиле. Сепак, тоа станува збор за некој тип на политички контекст, не би сакал јас да го коментирам,“ рече Тупанчевски.

Министерот за правда одговарајќи на новинарско прашање, изјави до него не се пристигнати случаи од Комисијата формирана со измените на Законот за здруженија и фондации, а кои се однесуваат на имињата на бугарските клубови.

„Не затоа што има и рокови кои им даваат можност да ги анализираат предмети кои се стигнати до нив,“ рече Тупанчевски.

Владата беше задолжена да формира Комисија, појасни тој, која треба да ги разгледува случаите што стигнале до неа и да предложи до министерот за правда да преземе одредени дејствија кои што би значеле заокружување на таа правна целина.

Тупанчевски исто така кажа и дека во Министерството за правда има работна група која работи на нов закон за здруженија и фондации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Месецов затвореник избегал и од затворот во Шутка

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

44 нови случаи на Ковид-19 во Тиквешко, најмладиот има 13 години

Редакција

Стабилно и многу топло време следниве денови, од четврток услови за нестабилност и локален пороен дожд

Редакција

Зоран Атанасов најави оставка од функцијата директор на АХВ, ќе биде советник на премиерот

Редакција