еМагазин
Image default
Македонија

Месецов затвореник избегал и од затворот во Шутка

Заменик-директорот на затворот во скопска Шутка, Садуш Арифи за телевизијата Алсат М потврди дека на 14 јануари избегал Нафи Абдиовски, осуден на осум месеци.

„Не беа направени никакви отстапки во текот на постапките од неговото доаѓање од притвор врз основа на одлуката на правосилната казна изречена од Основниот суд Скопје од осум месеци затвор, од кои тој имаше издржано речиси три месеци.

Врз основа на досието, од страна на класификацијата во Секторот за ресоцијализација, му бил одреден третман со група Б (полуслободно). Истото лице имало и повеќе други кривични дела во постапките во различни судови во државата“, вели за Алсат М, Арифи.

Од МВР за телевизијата велат дека се информирани за бегството и ги преземаат сите мерки за негово пронаоѓање.

Телевизијата објави и дека Абдиовски може да се види на фотографии на социјалните мрежи со актуелни владини, но и поранешни функционери.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради излолација на дел од обвинетите, одложено судењето за „Титаник”

Редакција

Од корона вирусот почина пациент од Тетово на 47 годишна возраст

Редакција

Вкупно 372 деца до 9-годишна возраст заразени со Ковид-19 во Македонија

Редакција