еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

За што е осуден Беким Мемети, кој избега од Идризово и рани затворски полицаец

Министерството за внатрешни работи објави меѓународна потерница за Беким Мемети, кој избега од затворот Идризово, при што рани затворски полицаец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) МВР објави фотографија од затвореникот Беким Мемети, кој при бегство рани затворски полицаец

Телевизијата Телма објави дека оваа не е негово прво бегство.

Во декември 2008 година тој избегал од затворот во Тетово, каде требало да отслужи затворска казна од пет и пол години затвор за разбојништво и за недозволено држење на оружје.

По вторпат Мемети побегнал во септември 2016 година кога во Мала Речица убил едно лице при расправија на две групи.

Во 2020 година, бегството му завршува со апсење во Берлин во Германија од каде е екстрадиран во Македонија. Бил осуден на 20 години затвор во отсуство за убиството. Исто така имал уште една пресуда од две години затвор за разбојништво, што значи дека и претходната казна не ја издржал туку успеал да избега, објави телевизијата.

Во повтореното судење за убиството, Мемети е осуден на 19 години затвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Суспендирани командирот и четворицата полицајци кои го спроведувале Беким Мемети, кој рани полицаец и избега

Потерница за избеганиот осуденик кој пукал во затворски полицаец, вонреден надзор во Идризово

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Минатата недела од Ковид-19 починале 79 лица, најмногу од Скопје, 31

Редакција

Агенцијата за храна привремено ја затвори мензата во „Пелагонија“

Редакција

Годишен раст од 10% на депозитите и од 5,7% на кредитите

Редакција