еМагазин
Image default
Македонија

44 нови случаи на Ковид-19 во Тиквешко, најмладиот има 13 години

Негувателка во градинка во Кавадарци е позитивна на Ковид-19. Во изолација се 13 деца, една негувателка и една воспитувачка, за МИА потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при Центар за јавно здравје Кавадарци.

– Изминатите 24 часа регистрирани се 44 случаи позитивни на коронавирусот во Тиквешијата. Дваесет и четири од Кавадарци, по десет од Неготино и од Демир Капија. Најмладиот новозаболен има 13 години, истакна Јовановски.

Тој додаде дека се утврдуваат нивните контакти, со цел да се изолираат.

МИА/Фото: Општина Кавадарци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бившиот потпретседател на Беса, Хоџа, ја формираше новата партија Европската демократска партија

Редакција

Сите детали: Објавен Конкурсот за упис во средните училишта во 2019/2020

Редакција

Тимотеј: Очекуваме СПЦ до крајот на месецот да испрати барање до Цариград за автокефален статус на МПЦ-ОА

Редакција