Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ на 4. февруари, кога се обележуваат 151 година од раѓањето на Гоце Делчев, цел ден ќе го чува неговиот гроб, изјави денеска Александар Пандов, претседател на Патриотскиот институт на партијата, „Гоце Делчев“.
-Денес заседаваше Централниот комитет (ЦК) на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, “Гоце Делчев“ при што беа донесени повеќе заклучоци.
Патриотскиот институт и целото раководство во пресрет на одбележување на родниот ден на македонскиот херој Гоце Делчев ќе организира херојска стража и ќе има целодневно присуство на гробот на Гоце Делчев, затоа што Гоце е Македонија. И ги повикуваме сите граѓани почитувачи на делото на Делчев да изразиме заедничка мирна и достоинствена почит кон великанот.
Воедно ЦК на Патриотскиот институт донесе повеќе заклучоци.
Прво, го осудуваме шовинизмот и негаторските политики кои доаѓаат од Бугарија и се дополнително распламтувани од поединци од бугарската политика.
Второ, упатуваме отворен повик до Владата за поенергично реагирање во однос на негаторската политика и преземање на адекватни мерки кои ќе обезбедат почитување на нашиот идентитет и посебност. Секоја негација кон постоењето на македонскиот народ и неговите обележја треба да бидат проследени со протесна нота и реакција на македонските институции. Државата постои за народот, а не народот за државата.
Трето, наместо констатации, анализи и седење со скрстени раце на државниот врв, кој кажа дека провокациите се дело на агентурни мрежи, да се преземат чекори на власта кои ќе значат спречување на туѓи пропаганди и агенди.
Четврто, Гоце е Македонија и Гоце припаѓа на светот. Упатуваме повик до македонскиот народ, македонската Влада и сите добронамерници за достоинствено поклонување на гробот на Македонецот Гоце Делчев.
Воедно, сакам да ве информирам затоа што Гоце Делчев е и патрон на нашиот институт на ВМРО-ДПМНЕ што ќе рече 4. февруари е наш роденден, ние следната недела поточно утре недела во 12:00 часот ќе имаме трибина во Општина Штип, во вторник ќе имаме трибина во Општина Ѓорче Петров, каде што ќе се обратам јас, претседателот на Унијата на млади сили, Сергеј Попов, и историчарите Слободан Ников и Игор Јуруков.
После денот на положување на венци горе на гробот на Гоце Делчев во Св. Спас во 16:00 часот ќе имаме историски час на кој што јас ќе бидам модератор, а главни говорници ќе бидат проф. д-р Ванчо Ѓорѓиев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски, а ќе се одржи во културниот дом “Билјана Беличанец““, рече Пандов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Џамбаски доаѓа во Скопје на 4 февруари и му се закани на Пендаровски со атентат
Фото: Кабинет на претседателот