еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Борисов виде руско влијание во Македонија за случајот со Пендиков

Бојко Борисов, поранешниот бугарски премиер и претседател на ГЕРБ, денеска на прес-конференција ги повика македонските власти да ги изведат пред правдата лицата кои го претепаа секретарот на бугарскиот културен клуб “Цар Борис Трети”, Христијан Пендиков, а според него ваквите настани ги “поткопуваат огромните напори што ги направивме Северна Македонија и Албанија да одат по патот на Европската унија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Борисов се сретна со мајката на Пендиков и се закани дека Македонија ќе го доживее бугарскиот гнев ако не се казнат виновниците

Тој меѓудругото оцени и дека во овој случај гледа обид за намерно враќање на Македонија под руско влијание и дека на тоа сценарио се работи многу активно.

„Таков акт како претепувањето на Бугарин ја става јавноста целосно на страна на претепаниот човек и може да не одведе во друга насока која целосно му оди во корист на Путин и неговите геостратешки планови за Балканот“, рече Борисов, порачувајќи дека за Бугарија најдобро би било Македонија и Албанија да се дел од ЕУ.

„Овде гледам обид за враќање на Северна Македонија под руско влијание, намерно, и тоа се прави многу активно. Во никој случај не треба да бидете заведени. Најдоброто нешто за Бугарија е Северна Македонија и Албанија да бидат во Европската Унија и НАТО“, рече Борисов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Го сфатија ли сценариото со Пендиков во ЕУ?

Пендиков аплицирал за бугарски пасош на крајот на декември, откри бугарскиот амбасадор Ангелов

(Галерија) Како Христијан Пендиков од Македонец стана Бугарин

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој се е во владината делегација која ќе учествува на Самитот на НАТО во Лондон

Редакција

Продолжува судењето за „Монструм“

Редакција

Џафери ќе ја води собраниската комисија за помирување

Редакција