еМагазин
Image default
Македонија

Џафери ќе ја води собраниската комисија за помирување

Претседателот на Собранието, Талат Џафери најверојатно ќе ја води комисијата за помирување што би се формирала по иницијативата на осумтемина пратеници, но ќе се чека на ставот на пратеничката група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е еден од заклучоците на денешната средба на координаторите на пратеничките групи со претседателот на Собранието Џафери, прва по гласањето за уставни измени во петокот.

Во Собранието се очекува и информација дали осумтемина пратеници од опозицијата кои гласаа „за“ ќе формираат пратеничка група односно какво ќе биде нивното натамошно дејствување во Парламентот.

Според собраниски извори, осумтемината пратеници имаат средба по која ќе биде соопштено како ќе функционираат во Собранието. Засега до Кабинетот на претседателот на Собранието нема пристигнато известување за нова пратеничка група, јави МИА.

Во тек е пленарна седница на која од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ присуствуваат само двајца пратеници, како и Панчо Минов, кој најави дека ја напушта пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ по разрешувањето на потпретседателот на партијата Митко Јанчев.

Премиерот Зоран Заев денеска, на прашањето дали формирањето на комисијата за помирување на еден начин е директно или индиректно мешање на власта во одлуките, одговори, апсолутно не.

-Неколку пати пати споменав дури и кога го повикав на помирување во национално обединување во Парламентот, потенцирав и пак ќе потенцирам, немаме намера да се мешаме во правосудните органи. Генерално, Собранието има своја намена, а оваа прилика под превезот на единството за НАТО и ЕУ е навистина одлична можност – додаде Заев.

Фото: Собрание на РМ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во комисиите во Собранието и ќе поднесе предлог-закон за амнестија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 107 бремени жени заразени со Ковид-19 во Македонија, половина немале симптоми

Редакција

Уставниот суд ќе одржи подготвителна седница за ратификацијата на Договорот од Преспа и за Законот за употреба на јазиците

Редакција

Уставните амандмани нема да бидат разгледувани на денешната владина седница

Редакција