еМагазин
Image default
Македонија

Уставниот суд ќе одржи подготвителна седница за ратификацијата на Договорот од Преспа и за Законот за употреба на јазиците

Уставниот суд на Република Северна Македонија на 18 март ќе одржи подготвителна седница за предметите во кои е оспорена уставноста на Указот за Законот за ратификација на договорот со Грција (т.н. Преспанскиот договор) и Законот за ратификација на Конечна спогодба за решавање на разликите опишани во резулуциите 817(1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на ОН за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните и на Указот за прогласување на Законот за употреба на јазиците и Законот за употреба на јазиците.

Од Уставен информираат дека во однос на Законот за ратификација на Конечна спогодба за решавање на разликите опишани во резулуциите 817(1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на ОН за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните и Указот за прогласување на Законот, до нив се поднесени седум иницијативи. Меѓу поднесителите на иницијативите се Светскиот македонски конгрес, професорката Солза Грчева, како и граѓани.

Во однос на Законот за употреба на јазиците и Указот за негово прогласување се поднесени вкупно 13 иницијативи.

Како што велат од Судот, по однос на овој Закон првата иницијатива била поднесена во јануари 2019 година, а во текот на целата година пристигнувале и другите иницијативи и поради истата материја која е оспорена ќе се разгледуваат заедно. Подносители на иницијативите се политичките партии Левица, ВМРО-ДПМНЕ, Светскиот македонски конгрес, професорките Солза Грчева и Тања Каракамишева, како и граѓани.

„Претходната постапка по предметот беше водена повеќе од една година, со детална анализа на обемните наводи во иницијативите во однос на законските одредби, беа побарани одговори од сите учесници во постапката (доносителите на актите и Владата на РСМ) и се изработени обемни реферати“, велат од Уставниот суд.

И двата закона, Законот за употребата на јазиците во Република Македонија и Законот за ратификација на Договорот од Преспа, се усвоени по втор пат со потребното мнозинство во Собранието на Република Македонија.

Законот за употреба на јазиците во март 2018 година, а Законот за ратификација на Договорот од Преспа, исто така во 2018 година.

Владата, како како што објави во соопштение, ја поддржува одлуката двата закони да бидат објавени во Службен весник со потпис на претседателот на Собранието, имајќи го предвид, како што беше наведено, прекршувањето на Уставот од страна на тогашниот претседателот Ѓорге Иванов, кој одби да ги потпише.

Одлуката за одржување подготвителна седница судиите ја донеле по неколкуте одржани работни состаноци на кои беа разгледувани прашања поврзани со овие предмети

МИА/Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Изминатото деноноќие во Тетово пет починати од Ковид-19, рекордни 80 лица на болничко лекување

Редакција

Починаа 11 пациенти од Ковид-19, вкупната бројка достигна 2.456

Редакција

На повеќе од 1.000 заболени секој ден, повеќе од 20 починати и преполни болници нема нови рестриктивни мерки

Редакција