еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

(Галерија) Како Христијан Пендиков од Македонец стана Бугарин

Кога во Европската Унија ќе ја разгледуваат кафеанската тепачка во која најдебелиот крај го извлече, Христијан Пендиков, генералниот секретар на бугарскиот клуб во Охрид, кој носи име на соработник на фашистите, „Цар Борис Трети“, да обрнат внимание и на тоа како се злоупотребува пасошот на ЕУ, оти Бугарија не го прави тоа. Ако држат до своите принципи.

Не треба нешто посебно да анализираат, треба само да му го “скролат“ Фејсбук профилот на Пендиков, од кој членката на ЕУ, Бугарија направи политичка драма и дури се заканува со ново вето.

Пендиков е школски пример за тоа како од Македонец или од Албанец може да станеш Бугарин со пасош на ЕУ. Да потсетиме дека со злоупотребата на бугарските, односно пасошите на ЕУ, пред неколку години се занимаваа и институциите во Бугарија, па логично би било да ги прашат до кај се со истрагата, што откриле.

„Македонија цела да е! Во Македонија се говори само македонски! Јас немам извадено македонски пасош, па не дај Боже бугарски. Друга татковина освен Македонија немаме! Александров бил Македонец, а не Бугарин! Тоа не е Бугарија, тоа е Пиринска Македонија!“, се само дел од статусите и коментарите на неговиот профил кои ќе можат да ги прочитаат.

Ќе видат и како Пендиков, како член на Унијата на млади сили на опозициската ВМРО-ДПМНЕ „тврдокорно“ се борел за македонските национални интереси, а сега се слика со провокатори од прва класа, кои сериозно работат на нарушување на односите помеѓу Бугарија и Македонија.

Бидејќи во ЕУ, периодов од устата не ја вадат Русија, може да се позанимаваат, ако се сериозни, и со позадината на овој случај, нели секоја приказна има најмалку две страни, а на нас и на Бугарите им се наметнува само едната, таа на Пендиков.

Да проверат дали Русија стои позади ваквите инциденти, како што велат македонските власти или Бугарија, која не крие дека директно или индиректно стои зад т.н. културни клубови, кои носат имиња на соработници на нацисти и фашисти и немаат никаква врска со култура, туку шират омраза, или некој од Македонија.

Не за друго, нели постојано повторуваат дека сега го сакаат Западен Балкан во ЕУ.

А не било лошо и да разгледаат како Пендиков од Македонија заврши во Бугарија со бугарски воен авион, додека за него се водат две истраги, тековната за тепачката и втората за поседување кокаин, нели функционирањето на правото е многу важно во ЕУ. Демек во Македонија нема болници за операција, а и да видат како една членка на ЕУ се однесува кон друга земја нечленка и како политички се компромитира истрага.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Без побарана согласност од Обвинителството Пендиков бил пренесен во Софија

Пендиков неколку пати ја менувал изјавата, објави СДК

Кој дозволи Пендиков за кого се водат две истраги да биде пренесен во Бугарија?

Фото: Пендиков/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Валентина Цвејоска Чолаковска нова директорка на Детската клиника во Скопје

Редакција

(Во живо) Тапани трештат низ Скопје: Продолжува протестот, илјадници граѓани по улиците

Редакција

Поради тие што не веруваат во корона вирусот нема ни да можеме да излеземе од Македонија

Редакција