еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пендаровски го покани Милков да ја посети Ваташа, Ковачевски чека од бугарскиот министер појаснување за скандалозната изјава

Претседателот Стево Пендаровски ја оцени како страшна изјавата на бугарскиот технички министер за надворешни работи, Николај Милков, кој зборувајќи за кафанската тепачка во која настрада Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, изјави дека во Македонија се враќале црните традиции на палење, пукање и насилство врз луѓето, по заедничката посета со македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи на Пендиков во болницата во Софија, пред неколку дена.

Османи, кој стоеше до него, не коментираше ништо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Македонија се враќале црните традиции на палење, пукање и насилство врз луѓето, порача бугарскиот министер Милков

„Таа е прилично грозна. Вели во Македонија се враќа традицијата на колежи, на стрелање, вели и на насилства. Единствено таа изјава може да биде точна ако мисли на периодот 1941-1944 година и кога ќе има техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија време може слободно да прошета до Ваташа да види дел од таа традиција“, изјави вчера Пендаровски.

Премиерот Димитар Ковачевски пак вчера изјави дека Милков треба да се дообјасни, оти не му било јасно на кое време мисли Милков.

“Јас детално ја видов неговата изјава каде што тој алудира на некои минати времиња. Појаснувањето на таа изјава, на кои времиња точно мисли, ќе треба да даде самиот министер за надворешни работи на Република Бугарија“, рече Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Како Христијан Пендиков од Македонец стана Бугарин

Без побарана согласност од Обвинителството Пендиков бил пренесен во Софија

Пендиков неколку пати ја менувал изјавата, објави СДК

Фото: Милков/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Две опции за новото име на МАНУ

Редакција

(Галерија) Фабрика „Карпош“ прослави 70 години постоење

Редакција

Владата ги замрзна цените на лебот, солта, зејтинот, млекото, јајцата, брашното, месото…

Редакција