еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во Македонија се враќале црните традиции на палење, пукање и насилство врз луѓето, порача бугарскиот министер Милков

Министерот Бујар Османи, денеска заедно со неговиот бугарски колега Николај Милков, го посети повредениот македонски државјанин Христијан Пендиков, кој беше физички нападнат во четврток во Охрид, а кој се лекува во болница во Софија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На тие кои ќе го негираат и навредуваат македонскиот народ среде Скопје, тоа ќе им биде последно доаѓање во Македонија, порача Османи од Софија

В.д. бугарскиот министер Милков по посетата изјави дека Бугарија нема да отстапи од заштитата на правата на бугарската заедница во  Македонија.

„Бугарија цврсто инсистира сторителите на овој чин и други слични дела да бидат казнети со строгост на законот, за да се стави крај на оваа атмосфера на неказнивост што раѓа ново и ново насилство,“ рече Милков, по посетата на Пендиков на ВМА.

Тој додаде дека сака да каже „не“ за заживување на „црните традиции“ кои историски се поврзуваат со Македонија – палење, пукање и насилство врз луѓето.

„За такви работи воопшто нема место во Европа и ние сме крајно загрижени поради тоа,“ додаде Милков.

Според министерот, Пендиков продолжува да добива закани на Интернет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендиков неколку пати ја менувал изјавата, објави СДК

Кој дозволи Пендиков за кого се водат две истраги да биде пренесен во Бугарија?

(Фото) Османи и Милков го посетија Пендиков во болница

МИА/Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Конечна детална листа: Кои се избраните градоначалници во вториот круг на локалните избори

Редакција

Утре во Скопје пристигнуваат 20.000 дози вакцини “АстраЗенека“ од Грција

Редакција

Колку чини стан на албанското крајбрежје

Редакција