еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Видео) „Културата е скапа, некултурата поскапа“: Протест пред МКЦ по разрешувањето на директорот

Стотици граѓани денеска се собраа на протестот пред Младинскиот културен центар (МКЦ) за да го изразат револтот поради смената на в.д. директорот Ванчо Богоев, кој е дел од оваа институција 36 години, а бил сменет од својата позиција затоа што не подлегнал на притисоци.

Присутните ги забавуваа млади музичари, кои ја дадоа својата поддршка и го изразија својот револт заради мешање на политиката во културата. Еден од транспарентите гласеше „културата е скапа, некултурата поскапа.“

„Денешниот собир е иницијатива на млади уметници кои што се собраа со наша и поддршка на Младинскиот културен центар. Новиот в.д директор воопшто не не повика за да се состане со нас, за да поразговараме кои се неговите желби, амбиции и идеи, а кои се нашите.

Дојде со некои луѓе кои се претставија дека се ревизија, и немаше никакво писмено известување за ревизорски извештај за кој си има процедури, кои беа испочитувани во минатото,“ изјави координаторот на програмскиот совет на МКЦ, Филип Николовски.

Протестниот настан го организираше колективот „Гола планина“, а присутните потпишуваа и петиција „за спас на МКЦ“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повторно сме на мета на партиските игри, велат од МКЦ по смената на директорот

Нови директори во „Водовод и канализација“, МКЦ и Зоолошка градина

Фото/Видео: Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Среќен сум што на едно големо натпреварување се опростувам од репрезентацијата,“ вели Пандев

Редакција

Ердоган или Киличдароглу: Турција денеска ќе добие нов претседател

Редакција

(Фото) Голема посетеност на приказот на воздухопловите, возила и опрема од вежбата „Брз одговор 23“ во Куманово

Редакција