еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) Голема посетеност на приказот на воздухопловите, возила и опрема од вежбата „Брз одговор 23“ во Куманово

Илјадници граѓани од Куманово, но и околината, денеска имаа прилика одблиску да видат дел од воздухопловите, возилата и опремата кои ќе бидат дел од вежбата „Брз одговор 23“, а кои беа изложени на спортскиот аеродром „Аџи тепе“ во околината на градот, информираат од Министерството за одбрана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија дел од најголемата мултинационална воена вежба во Европа, „Defender Europe 23”

На отворениот приказ на воздухоплови на Армиите на Македонија и на Соединетите Американски Држави граѓаните со особен интерес ги проследија борбен хеликоптери од типот „AH-64 Apache“, транспортните хеликоптери „UH-60“ и „HH-60“ (black hawk), „CH-47“ (Chinook), и „Ми 8/17“ .

Од возилата и опремата граѓаните можеа да се запознаат со возила од видот „Хамви“ со различен вид вооружување, специјализирани АБХО и амбулантно возило, лесното тактичко оклопно возило „JLTV“, оклопните возила „Кобра“ и „Хармелин“, падобранска опрема, алпинистичка, нуркачка, АБХО и друга опрема.

Меѓу изложените средства беше и роботизираното софистицирано возило т.н. „Project origin“, кое е во пробна употреба на Армијата на САД и претставува платформа за тестирање и демонстрација на нови технологии.

Присутните граѓани преку директна комуникација со армиските припадници имаа можност покрај со техничките карактеристики на изложените средства, да се запознаат и со воената професија, како и да се фотографираат во воздухопловите и возилата.

Како дел од цивилно воената соработка, на спортскиот аеродромот можеше да се види и изложба на цртежи на учениците од средните кумановски училишта, а имаше и настап на оркестарот од гимназијата “Гоце Делчев”.

Вежбата „Immediate Response 23“ која официјално отпочнува утре ќе биде најголема реализирана вежба во Македонија оваа година, со учество на армии на четири НАТО земји и една партнерска земја: Македонија, Соединетите Американски Држави, Албанија, Црна Гора и земја партнер на НАТО – Косово, со вкупно околу 1850 учесници.

Фото: Општина Куманово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Каков напад од омраза кога неговиот татко спасуваше бугарски државјани од бродската несреќа, вели адвокатот на обвинетиот за нападот на Пендиков

Редакција

УНЕСКО препорача Охрид да биде ставен на листата загрозени светски наследства и бара мораторум на градењето

Редакција

Oколу 1.000 лица дневно ќе може да се фотографираат за документи во новоотворениот пункт во Скопје

Редакција