еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Утре ќе се одржи седница на Советот за безбедност

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски утре ќе биде одржана 18. седница на Советот за безбедност.

На дневен ред на седницата на Советот за безбедност, како што соопшти Кабинетот на шефот на државата, ќе биде безбедносната состојба во Македонија и евро-атлантскиот регион.

На седницата, покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствуваат и директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Зарко Милошевски и началникот на Генералштабот на Армијата генерал-потполковник, Васко Ѓурчиновски.

Фото: Кабинет на претседател

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковид-19 им нанесе тежок удар на големите хотелиери од берзата

Редакција

Кривичен: Апелациja наместо административно да ги враќа предметите, има законска можност, но и обврска, мериторно да одлучува

Редакција

Влада: Одбиената понуда за 2.500 денари повисока плата значи дека СОНК ги става личните интереси пред оние на децата

Редакција