еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Ковид-19 им нанесе тежок удар на големите хотелиери од берзата

Пандемијата од Ковид-19 ги однесе во загуба компаниите од Македонската берза кои се занимаваат со туристичко-угостителска дејност односно поседуваат дел од поголемите хотели во земјава.

„Македонијатурист“ АД Скопје во периодот јануари-септември годинава оствари загуба од 22.112.809 денари, што е влошување на резулатот во однос на истиот период минатата година кога компанијата имала добивка од 86.513.820.

„Негативниот финасиски резултат од работењето друштвото го оствари во услови на глобална пандемијата на вирусот Ковид-19 и прогласена вонредна сосотојба во државата во која согласно одлуките на Владата привремено беа затворени сите угостителски објекти, границите и  аеродромите, а отажани беа сите туристички аранжмани.

Деловната активност на друштвото и во периодот од укинувањето на вонредната состојба на крајот на месец јуни до крајот на извештајниот период е сведена на минимум во споредба со истиот период минатата година.

Од тие причини со цел намалување на негативните ефекти од глобалната пандемија врз работењето и резултатите на друштвото, Управниот Одбор на почетокот на месец јули донесе одлука за времен прекин со деловна активност на подружниците: Бест Вестерн Хотел Турист, Хотел Карпош и Хотел Водно, оваа одлука ќе биде на сила се до создавањето на услови за нормално вршење на деловната активност.

„Македонијатурист“ АД Скопје како општествено одговрна компанија се вклучи во борбата против ширењето на вирусот Ковид-19 со тоа што овозможи дел од нејзините сметувачки капацитети без надомест де се користат за сместување на лица спроведени во државен карантин организиран од Владата на РСМ.

И покрај остварениот негативен финансиски резултат во деветте месеци од годината, финансиски показатели како што се степенот на финансиска сигурност, степенот на самофинансирање и општата ликвидност на друштвото се на доста високо ниво“, пишува во образложението за работењето на компанијата во периодот јануари-септември објавено преку Македонската берза.

„Хотели-Метропол“ АД Охрид во периодот јануари-септември оствари загуба од 29.058.000 денари, што е влошување на резултатот во однос на истиот период минатата година кога компанијата имала добивка од 46.668.000 денари.

„Во периодот од 01.01.2020 до 30.09.2020 година „Хотели Метропол“ АД Охрид во своето работење бележи опаѓање на бројот на ноќевања во однос на истиот период во 2019 година или остварени 25.568 ноќевања, притоа е остварен негативен финансиски резултат во износ од 29.058.000 денари.

Остварениот вкупен приход од 58.702.000 денари е за 67 отсто помал во однос на истиот период од минатата година.

Остварениот финансиски резултат за овај период е негативен. Ваквиот резултат е очекуван имајќи го во предвид туризмот како гранка подложна на поголем ризик заради светската пандемија која ги затвори границите на државите, а туризмот беше претежно орентиран на домашните гости“, се вели во образложението за работењето на компанијата објавено преку берзата.

„Интернешнел Хотелс“ АД Скопје за период од 01.01.-30.09.2020 година оствари негативен финансиски резултат во износ од 28.625.000 денари.

„Негативниот финансиски резултат од рабоењето друштвото го оствари во услови на прогласена вонредна состојба во државата, поради пандемијата со корона вирусот Ковид-19, како и согласно одлуката на Владата за привремено затварање на сите угостителски објекти и хотели, во која категорија спаѓа „Интернешнел Хотелс“ АД Скопје.

Како последица на донесената одлука се одрази во голема мера во работењето поради откажување на сите аранжмани за 2020 година. Со оглед натоа дека глобалната здравствена пандемија се уште трае и се одразува и на севкупната економија во светот, при што ваквата состојба се очекува да продолжи во следниот период, се соочуваме со неизвесност во однос на условите и периодот кога повторно ќе се отпочне со работа со својата дејност.

Во новонастанатите услови во  наредниот период друштвото ќе настојува да ги намали финасиските трошоци предизвикани од здравствената пандемија“, пишува во образложението на финансиските резултати на компанијата за периодот јануари-септември објавено преку берзата.

Фото: Македонијатурист/Хотели Метропол/Континентал

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 9 оздравени од Ковид-19

Редакција

Колку сте повозрасен, толку повеќе корона вирусот е поопасен за Вас

Редакција

И полскиот претседател Дуда потврди дека експлозијата во Полска е предизвикана од украинската противвоздушна одбрана

Редакција