еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Османи и Милков го посетија Пендиков во болница

Мора да го прекинеме овој циклус на провокации и насилство од двете страни, и да ја наметнеме нашата позитивна агенда која двете влади се обидуваме макотрпно да ја изградиме.

Нема да доволиме да бидеме жртва на киднапери на овој наратив којшто сакаме да го изградиме од двете страни, порача денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи од Софија.

Османи, кој заедно со неговиот бугарски колега Николај Милков, го посети повредениот македонски државјанин Христијан Пендиков, кој беше физички нападнат во четврток во Охрид, уште еднаш го осуди нападот врз Пендиков.

„Таквиот чин на насилство не ги одразува вредностите на граѓаните на Македонија, на нашето мултиетничко општество и Македонија ќе се погрижи да има нула толеранција за насилство како одговор на било кој проблем, а најмалку на меѓуетничкиот соживот што е нешто свето што го градиме во последните 30 години во Македонија и државата ќе се погрижи да се создаде таква атмосфера на нула толеранција на насилство како одговор на било кој проблем, а најмалку на меѓуетничкиот соживот,“ рече Османи.

Тој порача дека најважната порака што сака да ја упати е дека нема да нема да дозволиме како две влади провокатори и насилници да ни ја киднапираат таа агенда.

„Затоа сум дојден тука, да ја испратам таа порака – дека ние градиме добри односи со Бугарија, ја гледаме иднината во блиска соработка и партнерство со Бугарија, и било кој провокатор, дали е тоа политичар од Бугарија или од Македонија, дали е тоа насилникот од Охрид или од било каде, нема да дозволиме тие да ни ја диктираат агендата.

Бугарската заедница е и ќе биде почитувана заедница во  Македонија, ќе ги имаат сите права, слободи, и привилегии како и секој друг граѓанин и секоја друга заедница, и заедно со другите ќе живеат подеднакво слободни,“ рече Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендиков неколку пати ја менувал изјавата, објави СДК

Кој дозволи Пендиков за кого се водат две истраги да биде пренесен во Бугарија?

МИА/Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За неносење маски 746 казни во изминатото деноноќие

Редакција

Убава вест: Оздравеа нови 97 заболени од корона вирусот, вкупната бројка до сега е 4.565

Редакција

СДСМ: Ќе се изврши темелна ревизија на 5% од сите судски пресуди во последните пет години

Редакција