еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарите спремаат нова декларација, бараат во Македонија да престанат агресивните антибугарски манифестации и манипулации за минатото

Бугарската собраниска Комисија за надворешна политика, на нејзината последна седница, едногласно усвои декларација, која треба да се стави на гласање на пленарна седница, а во која се изразува осуда поради „актите на насилство врз Бугарите, нивните клубови и организации“.

Со декларацијата се осудува и насилството врз Христијан Пендиковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендиков аплицирал за бугарски пасош на крајот на декември, откри бугарскиот амбасадор Ангелов

(Галерија) Како Христијан Пендиков од Македонец стана Бугарин

Во документот што го објави БГНЕС, се осудуваат, како што се вели, „лажните и манипулативни изјави за бугарското минато во јавниот и политичкиот простор на Република Северна Македонија“ со оценка дека станува збор за намера заради изградба на чувства на омраза кон Бугарите и Бугарија.

Во Декларацијата од девет точки, се осудува, како што се посочува, говорот на омраза во Македонија против локалните Бугари и Република Бугарија, како и неговите манифестации во политичкото, јавното и медиумското опкружување.

Се повикуваат властите и институциите во Македонија да преземат сеопфатни, итни и ефективни мерки за борба против говорот на омраза и злосторствата од омраза во сите форми и манифестации против бугарските граѓани и граѓани со бугарски идентитет.

-Заштитата на правата на бугарските граѓани и граѓаните со бугарска самосвест во Република Северна Македонија треба да се гарантира и преку целосна употреба на инструментите утврдени во преговарачката рамка одобрена од Европската унија и со одлуката на Четириесет и седмото Народно собрание од 25 јуни 2022 година, се наведува меѓу другото во Декларацијата.

Во документот се изразува загриженост дека „ескалацијата на антибугарската кампања во Македонија може да го загрози процесот на вклучување на Бугарите во Уставот на земјата, развојот на демократските процеси и институции во Северна Македонија и нејзиниот пат кон членство во ЕУ“ што, како што се посочува, им служи на интересите на трети земји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Го сфатија ли сценариото со Пендиков во ЕУ?

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пресудата за Јанкулоска на 8 октомври, поранешната министерка плачеше при завршните зборови

Редакција

Скопје останува блокирано: Продолжуваат протестите на приватните превозници

Редакција

Убава вест: 700 оздравени пациенти од Ковид-19

Редакција