еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Скопје останува блокирано: Продолжуваат протестите на приватните превозници

Приватните автобуски превозници и денеска продолжуваат со протестите преку блокади на неколку од главните сообраќајни точки во главниот град.

Според досегашните изјави од нивна страна, тие нема да ги отстранат автобусите се додека не се исполнат поставените барања за исплата на долгот што го побаруваат од Град Скопје. Најавија дека блокадите може да се прошират низ повеќе сообраќајни точки во Скопје.

– Како што најавивме, денеска автобусите се паркирани и ќе бидат тука се додека нема напредок од состојбава, односно да не викнат на разговори и да си договориме за динамиката за исплата на заостанатиот долг, да продолжат неделните уплати за да можеме да се вклучиме на линија, се со цел да не трпат граѓаните, изјави вчера за МИА Кемал Муриќ од Слобода превоз.

Во текот на вчерашниот ден, преку објава на социјалните мрежи, Слобода превоз упати извинување до граѓаните на Скопје за попреченото движење низ градот.

– Слобода Превоз во име на сите приватни превозници се извинува до сите граѓани на Скопје кои денеска и се до решавање на проблемот ќе бидат попречени во нивното движење низ градот. Приватните превозници бараат подршка од сите граѓани се со цел побргу да се изнајде решение на проблемот, стои во пораката на Слобода превоз.

Граѓаните во меѓувреме, беа принудени да најдат алтернативи во сообраќајот, но, поради зголемената гужва низ алтернативните улици и булевари, имаше застој во поголемиот дел од сообраќајниците во главниот град, додека дел од граѓаните одбраа да патуваат со велосипеди, тротинети, или пеш кон своите дестинации.

Директорот на Слобода превоз, Ленин Јовановски, во изјава за медиумите кажа дека блокадите на приватните превозници во Скопје продолжуваат сè додека не се седне на маса со градоначалничката Данела Арсовска и не се изнајде законски соодветно решение.

Тој побара и од останатите институции да се вклучат во наоѓање решение за овој проблем и најави дека е можно одредено проширување на протестите.

– Не може граѓаните да не критикуваат нас, треба да го критикуваат изворот на овој проблем, а тоа е кај градоначалничката која дозволи ова да се случи. Не смеат граѓаните да дозволат да имаат ваков градоначалник кој не се грижи за нивниот интерес, рече Јовановски.

Соопшти дека и до „Слобода превоз“ вчера е стигнато известување за раскинување на договорот со Град Скопје, а на прашањето од МИА дали има едногласност од страна на приватните превозници дека нема да се пријават на повикот, Јовановски одговори дека никој од нив не би се пријавил, знаејќи дека Градот веќе им должи пари.

– Дали овие превозници на кои веќе им се должи четири месеци ќе се пријават на некој оглас и повторно четири месеци ќе работат и финансираат во бизнисот, за повторно градоначалничката да каже дека не ги исплаќа и да ја тужат.

Како може да има јавен повик и да очекува некој да се приклучи на нешто што таа нема намера да го плаќа, изјави Јовановски и додаде дека „е комотна во тој дел, бидејќи нејзе финансиски не и влијае тоа и можеби нема да биде градоначалник кога ќе се реши проблемот“.

Заклучи дека приватните превозници одлучно остануваат на протест, ако е потребно ќе ги повикаат и своите деца со цел да допрат до градоначалничката и таа да види дека немаат да им обезбедат соодветен оброк за на училиште.

Град Скопје и градоначалничката Арсовска вчера не излегоа со став во однос на протестите и барањата на приватните автобуски превозници.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прилепчанка тешко повредена откако зетот ја турнал по скали

Редакција

(Фото) Три автомобили изгореле на Лефкада, на двајца српски и еден македонски државјанин

Редакција

Нови 1.216 случаи на Ковид-19 од 3.716 тестирања, во Скопје 624

Редакција