еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Русија побара од Врховниот суд да го прогласи украинскиот Азовски полк за терористичка организација

Русија побара од својот Врховен суд да го прогласи украинскиот Азовски полк за терористичка организација.

Според руската новинска агенција Интерфакс, Министерството за правда во Москва соопштило дека судскиот случај „за прогласување на украинската паравоена националистичка група „Азов“ (баталјон „Азов“, полк „Азов“) како терористичка организација и забраната за нејзините активности на територијата на Руската Федерација е закажан за судење на 26 мај“.

Ова се случува во момент кога украински борци, од кои многумина се припадници на Азовскиот полк, се евакуирани од челичарницата Азовстал.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно одби да коментира дали бранителите на челичарницата, кои сега се во руски притвор, ќе бидат третирани како воени затвореници или како воени злосторници.

Азовскиот полк е формиран во 2014 година, веднаш откако Москва го анектираше јужниот украински полуостров Крим, за да се бори против руските сили и проруските бунтовници во источниот регион Донбас.

Некои борци од Азов првично имале врски со националистички и екстремно десничарски групи. Полкот подоцна беше вклучен во Националната гарда на Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео+фото) „Падна“ Азовстал, последниот бастион на отпорот против руската армија во Мариупол

МИА Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во последните три дена, 69 нови случаи на Ковид-19, 85 оздравени, нема починати

Редакција

Османи: Денешното усвојување на Резолуцијата на бугарскиот Парламент долгорочно ќе го блокира европскиот процес

Редакција

До 250 лекари годишно си заминуваат од државата

Редакција