еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Владата го определи Османи за координатор на процесот за Стратешки дијалог со САД

Владата на денешната 45-та седница ја разгледа и усвои Информацијата за почеток на Стратешки дијалог меѓу Македонија и САД.

Како што соопшти владината прес-служба, за координатор на процесот за Стратешки дијалог меѓу Македонија и САД го определи министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој на 2 јуни ќе ја предводи делегацијата на Владата на на отворањето на процесот во Вашингтон во чиј состав ќе бидат и министерката за одбрана Славјанка Петровска, министерот за економија Крешник Бектеши и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Стратешкиот дијалог претставува подигнување на односите на повисоко ниво со САД и е од особено значајно во контекст на актуелните безбедносни закани. Во рамките на дијалогот ќе бидат опфатени теми од билатералните односи за соработка во економијата, трговијата, образованието, транспортот, енергетиката, климатските промени, демократскиот развој, борбата против корупција, владеењето на правото, како и безбедносните сегменти од соработката, од миграција, борба против тероризам, па се до справување со организираниот и меѓународен криминал.

Дијалогот ги опфаќа и актуелните безбедносни состојби, соработката на двете земји како НАТО партнери, аспирациите на Македонија за зачленување на ЕУ, претстојното претседавање на земјава со ОБСЕ, нашите заложби во рамки на Самитот за демократија на претседателот Џо Бајден и други теми од интерес.

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Акциите на Макпетрол, Алкалоид и Комерцијална банка најтргувани на Македонската берза

Редакција

Внукот на Ахмети, Дрин Ахмети хит на Твитер

Редакција

Лицето за кое што постои сомнеж дека го усмрти сторителот на масакрот во Цетиње, не треба да одговара кривично, вели адвокат

Редакција