еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата по болниците во кои се лекуваат пациенти со Ковид-19

Министерство за здравство информира дека на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се осум пациенти. Вкупно се хоспитализирани 79 пациенти. На кислородна поддршка се 43, нема пациенти на механичка вентилација.

„Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, 2 позитивни деца, 2 мајки и 2 деца суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6 нови, вкупно хоспитализирани се 21 пациенти. Нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 12, а во болницата во Штип се хоспитализирани 48 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 116, позитивни и сомнителни на Ковид-19,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови 109 заразени од Ковид-19 од 1.486 тестирања, најмногу во Скопје

Убава вест: Оздравени 89 заболени од Ковид-19, најмногу од Скопје

Починаа тројца пациенти од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Само во Аеродром над 100 активни случаи со Ковид-19: Детален преглед по скопските општини

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев: Драго ми е што пратениците на ВМРО-ДПМНЕ излегуваат од притвор

Редакција

Мијалков пристигна во судот, рочиштето за „Титаник 2“ продолжува

Редакција

Проблем во истрагата: Тахографот што го бележил движењето на автобусот на „Беса транс“ е изгорен

Редакција