еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ е новиот градоначалник на Охрид

Кандидатот на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков прогласи победа на Локалните избори.

На Градскиот плоштад во Охрид, Пецаков се обрати пред сопартиците, симпатизерите и граѓаните на Охрид, порачувајќи им дека нема да ги разочара, дека од првиот ден на функцијата ќе работи во интересот на сите граѓани.

– Никогаш нема да ве разочарам. Поминавме две недели во кои оваа власт ни покажа зошто треба да замине. Хибридниот режим е поразен во цела Македонија. Се соочивме со многу притисоци за кои најдовме начин како да ги надминиме.

Не потценија, но ние работевме и знаевме дека ќе дојде денот кога ќе кажеме дека Охрид и Македонија победија. Нема место во Охрид, без разлика кој живее – сите ја дадоа поддршката и бескрајно сум Ви благодарен за тоа. Од првиот ден ќе работам за сите граѓани.

Ние црната кампања ја оставивме настрана. Најдовме иновативен начин да ги претставиме идеите и проектите и покажавме дека Охрид е подготвен за нов систем за работа. Ќе имаме наскоро нова Влада предводена од новиот премиер проф. д-р Христијан Мицкоски.

И 17-ти и 31-ви октомври беа референдумско изјаснување на народот – дали треба кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ да биде градоначалник, но и референдум и против најголемото зло во Македонија, а тоа е Зоран Заев.

И покрај сите напори на многу луѓе да не успее ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, ние победивме. Победи народот на Охрид, победи обичниот народ, порача Пецаков.

Пецаков и во првиот круг од Локалните избори имаше предност пред актуелниот градоначалник на Охрид, Константин Георгиевски од редовите на СДСМ со околу две илјади гласа.

Официјалните податоци од веб-страницата на ДИК, по обработени над 74 отсто од гласачките места, Пецаков има предност од над три илјади гласа.

МИА/Фото: Фејсбук/Пецаков

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во наредните денови многу топло и нестабилно време

Редакција

(Видео) „Бекутан“ и децата од „Дајте музика“ со божиќна порака за сите генерации

Редакција

Државата го платила авансот за ковид-вакцината, испораката се чека во првите месеци од 2021

Редакција