еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Излевање на Вардар во Зелениково, ЦУК побара намалување на истекот на Козјак и Матка

Центарот за управување со кризи (ЦУК) побара намалување на истекот на Козјак и Матка по добиените известувања преку бројот за итни повици 112 во регионалниот ЦУК Скопје дека Вардар се има излеано во реонот на Зелениково и има зафатено 15 до 20 метри од нивите, а доколку се зголеми водостојот на водата постои опасност од поголемо излевање и можност од поплавување на куќите.

„Вечерва, Центарот за управување со кризи за да се заштити населението покрај Вардар во Зелениково и Велешко од поплава побара да се пристапи кон намалување на истекот на вода од хидроакумулациите Козјак и Матка, за време на поплавниот речен бран на Вардар во Општина Зелениково – наплив во дел на реката Вардар, по пријавите од излевање на реката во нивите и опасност од поплавување на куќите во Зелениково,“ известуваат од ЦУК.

Ппријавата е добиена од вработено лице од Општина Зелениково. Известуваат дека за справување со поплава немаат сили и средства доколку таа се случи. Од страна на ЦУК известени се Дирекцијата за заштита и спасување за превземање на мерки и активности во нивната надлежност.

„Тоа се реализираше преку Секторот за операции и координација на Центарот за управување со кризи до раководните претставници на диспечерски центар на ЕЛЕМ и ЕСМ подружници ХЕЦ Козјак и Матка преку нивно информирање и барање до нив за да пристапат со контролирано производство на електрична енергија и оптимално, а што помало испуштање, на водата од браните „Козјак“ и „Матка“.

Тоа барање е со цел да не дојде до поголеми штети, а со тоа и до загрозување на живот на луѓето коишто живеат во реонот на поплави или се наоѓаат во непосредна близина, а и да нема штети од поплави по нивните материјални добра,“ посочуваат од ЦУК.

Фото: Општина Велес

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Султан“ партии: Каква моќ има Зоран Заев во СДСМ

Редакција

НЛБ Банка со раст на добивката за 33,5%

Редакција

Подваријантите на омикрон остануваат доминантни во Македонија

Редакција