Денеска (16.11.2022) околу 00.30 часот на бул.„Гоце Делчев” во Скопје, патничко моторно возило „пежо” со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(32) од Скопје, удрило во запрено службено полициско возило.
По што удрило во полициски службеник и уште едно запрено патничко моторно возило „ауди” со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Х. (27) од Скопје.
Во незгодата со телесни повреди се здобила С.А. и полицискиот службеник, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза”.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.