еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Општина Центар бара законски измени за санкционирање на вандализмот

Општина Центар поднесе иницијатива до ЗЕЛС со која бара под итно да се донесат законски измени со цел да се спречи понатамошна ескалација на вандализмот.

Во иницијативата се побарало од ЗЕЛС да ја достави иницијативата до сите надлежни институции, Влада, МВР, Министерство за труд и социјална политика, Центрите за социјална работа, Министерство за правда, МОН, Служби за пробација, надлежните судови, НВО за да се формира работна група од која ќе произлезат законски измени за оваа негативна општествена појава.

„Бараме под итно сите надлежни да седнат на иста маса. Мораме заедно да ги разгледаме сите можности за законски и други начини како да се справиме со вандализимот на малолетните лица кои се почесто предизвикуваат инциденти со кои се нарушува безбедноста.

Во исто време може да дојде и до поголема трагедија во која овие малолетни лица и можат и самите да се повредат и да настрадаат. Превенцијата е најважна во вакви ситуации, и затоа е потребно сите овие институции да бидат присутни на терен, да се зголеми безбедноста и редовните патроли на полицијата на критичните точки во општината и во градот каде имаме сериозни инциденти,” порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Вчера во населбата Капиштец повторно се случи инцидент во кој малолетни лица кршеа шишиња, фрлааа петарди и предизвикуваа тепачки.

Ова не е прв ваков настан во населбата. На средината на ноември, група малолетници обија багер, а претходно беше обиен и ограбен комуналниот пункт во истиот реон.

Општина Центар предлага законски измени не само во делот на зголемување на казните за оштетување урбана опрема, туку и воведување општествено одговорна работа каде што би се вклучиле и децата и родителите за да се подигне свеста за оваа појава.

„Наша цел е со воведување на оваа мерка да ги ангажираме родителите да поведат сметка за своите деца и заедно со нив да поработат на нивното однесување и воспитување, бидејки семејство и домот е најважната алка во решавање на овој проблем”, додава Герасимовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Малолетници повторно дивееја во Капиштец: Kршеа шишиња, палea петарди и предизвикуваа тепачки

(Фото) Малолетници во Капиштец обиле багер и оштетиле автомобил и систем за наводнување

Дивеење, сообраќаен хаос, гласна музика: Зголемено присуство на полиција во Капиштец и Дебар Маало

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Снег и во Битола

Редакција

Вработена во МВР барала пари на рака за издавање лични документи, украла 600 илјади денари

Редакција

Османи вели оти музејот во Сопот во кој виси слика на Ахмети не бил на УЧК

Редакција