еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пендаровски со апел до Бугарија: Изолирајте ги политички луѓето кои не сакаат добрососедски односи

Изолирајте ги политички луѓето кои не сакаат добрососедски односи, ние тоа го правиме и ќе го правиме кај нас. Македонија не ви е непријател, меѓутоа, оваа држава има закони, има достоинство и кога тие граници ќе бидат преминати, ние секогаш ќе реагираме за да се заштитиме, апелира претседателот Стево Пендаровски до надлежните институции во Бугарија по денешната седница на националниот Совет за безбедност.

Тој нагласи дека секоја сериозна држава во светот го прави истото, вклучително и Бугарија.

„Предлагам, во наредниот период, далеку подобра координација меѓу надлежните институции од двете земји, со цел, да не дозволиме европската агенда и билатералните односи да станат жртва на анахрони националистички и популистички политики од двете страни,“ потенцираше претседателот.

МИА/Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

26% од болните со Ковид-19 имаат над 60 години, возрасните и хронично болните да бидат внимателни, повика Филипче

Редакција

еМагазин открива: Колкав надоместок зема во Македонски телеком Дардишта од ДУИ, која се закани со војна

Редакција

Радев бара посебно поглавје во преговарачката рамка за Македонија

Редакција