Подбрендот на СушиКо, „Chinese & Sushi Express mk„ планира отварање на ресторани во Тетово, Гостивар, Куманово, Битола, Прилеп, Охрид, Струга, Штип, Струмица, Кавадарци и Гевгелија, дознава еМагазин.
Информација за еМагазин ја потврдија од СушиКо, кој има два ресторани во Скопје, СушиКо и Сушико Зен.
Приказната за Сушико, првиот и најголем турски синџир на ресторани од Далечниот Исток, започна во 1997 година.
Брендот во повеќе од 70 ресторани во Турција и во странство, нуди уникатните вкусови на кинеската, јапонската, тајландската и корејската кујна.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.