еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Познат идентитетот на загинатиот 47-годишен маж во сообраќајката на патот Битола-Ресен

Во сообраќајката која се случи на патот Битола-Ресен загинал 47-годишниот Г.А. од Ресен, информираа од Секторот за внатрешни работи Ресен, за кој првично беше соопштено дека е на возраст од 46 години, без детали за неговиот идентитет.

Тој починал на лице место.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

46-годишен маж загина во сообраќајка на патот Битола-Ресен

Несреќата се случи кај место викано „Голема кривина Макази“, а во истата учествуваа три возила – „фолксваген голф“ со ресенски таблички управувано од починатиот, возило „пежо 2008“ со битолски таблички, управувано од 51-годишниот М.К. од Битола и возило „бмв“ со ресенски таблички, управувано од 47-годишниот Д.А. од ресенското село Асамати.

Со телесни повреди се здобиле возачот Д.А. и неговата сопатничка Ш.А. (47) од  Асамати.

Телото на починатиот е дадено на обдукција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКСКЛУЗИВНО: На Криволак, Македонија ќе произведува своја вакцина против Ковид-19

Редакција

Предвремени парламентарни избори: Го чека ли и Заев истата судбина како на Ципрас

Редакција

Дизелот поскапува за два денари, цената на другите горива останува иста

Редакција