еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Поранешниот заменик министер Бојмацалиев заработи кривична оти спречил вработување на една од најдобрите студентки од Факултетот за безбедност

Поранешниот заменик министер за внатрешни работи во последната техничка влада, Митко Бојмацалиев заработи кривична пријава оти спречил вработување на една од најдобрите студентки од Факултетот за безбедност.

Тој и началничката на Сектор за управување со човечки ресурси, стручно оспособување и усовршување, добија кривична за кривичното дело „повреда на правата од работен однос“.

„М.Б., свесно и со намера да не се склучи договор за работа помеѓу Министерството за внатрешни работи и С.Т. од Прилеп, на 27 октомври 2023 година издал наредба на второпријавената М.С. да го повлече веќе изработениот, потпишан од министерот за внатрешни работи и заведен во писарницата на МВР, договор за работа на С.Т., а второпријавената М.С. постапила по издадена наредба од првопријавениот и го повлекла веќе изработениот и потпишан договор за работа.

На тој начин на С.Т. ѝ го одзеле и ограничиле правото да заснова работен однос во МВР како дипломиран криминалист на Факултетот за безбедност Скопје, а била вклучена во постапката за вработување како еден од најдобрите студенти од факултетот по препорака на Деканот на факултетот за безбедност, а која воедно успешно ги поминала сите фази од постапката за вработување и ги исполнила сите потребни услови за засновање на работен однос во МВР“, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Фото: Фејсбук/Бојмацалиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И ДПА на Тачи и ЕДП на Хоџа дел од „Европскиот фронт“ на ДУИ

Редакција

Малинка Ристевска Јордановска: Немаме гаранција дека бугарските барања ќе престанат

Редакција

Сејдини не дозволил средба на фудбалерите со Заев, од ФФМ објаснија зошто

Редакција