еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Прво инклузивно soirée – повик за модна ревија на колекција ЗЕН за лица со уникатни способности

Здружението Икуалити во рамки на проектот „Инклузивно soirée ЗЕН – инклузивен концерт и модна инклузивна и интеграциска ревија“, ќе ја претстави колекцијата ЗЕН за адаптирана облека за лица со попречености, информираат од таму.

Здружението Икуалити во рамки на културниот настан има за цел да ја промовира општествена инклузија, толеранција и обединетост преку искористување на модата и ставање во фокусот на лицата со уникатни способности, што директно ќе допринесе кон создавање предуслови за еднакви можности и зајакнување на општествените вредности.

Во рамки на проектот „Инклузивно soirée ЗЕН“ ќе биде креирана колекцијата ЗЕН за адаптирана облека со цел да биде одговорено на уникатните способности на лицата со попреченост и да го олесни функционирањето во поглед на потребите за прилагодена гардероба, како и да ги поддржи нивните најблиски и асистенти, кои им помагаат во секојдневниот живот.

Повикот за учество во модната ревија за прилагодена и скроена по мерки гардероба е наменет за лица со разновидни попречености на возраст од 4 до 55 години (со или без придружник), кои можат да се пријават самостојно или од страна на придружник.

Повеќе информации може да се добијат на официјалната веб-страница на здружението: equality.agency.

Лицата со попреченост, кои ќе се пријават на повикот и ќе бидат избрани за учество, ќе бидат директно вклучени во создавање на гардеробата прилагодена на индивидуалните способности, вклучително за целите на креативниот процес – земање мерка, проби и корекции на облеката и учество во нашата промоциска кампања.

Настанот „Инклузивно soirée ЗЕН“ ќе се одржи во последниот квартал од 2024 година во Скопје, а лицата со попреченост ќе имаат можност да продефилираат на инклузивната модна ревија во адаптираната гардероба од колекцијата ЗЕН и на тој начин да ја акцентираат потребата за активно вклучување на лицата со уникатни способности во секојдневниот општествен живот.

По завршувањето на проектот парчињата облека ќе им бидат подарени на лицата – учесници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Black Weekend во Капитол мол од 23 до 25 ноември

Редакција

(Фото) Македонскиот пица мајстор Зоран Јовановски се закити со златен медал на меѓународен натпревар во Монголија

Редакција

Историска средба: Владиката Партениј и монасите и монахињите од Бигорски, Рајчица, Пречиста и Кнежино на средба со Вселенскиот патријарх

Редакција