еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Превенцијата е половина здравје: dm дрогерие маркт втора година по ред организира бесплатни дерматолошки прегледи на 3 локации!

Како дел од кампањата за подигнување на свеста за женското здравје, компанијата dm дрогерие маркт втора година по ред организира дури 5 бесплатни дерматолошки прегледи во Скопје и Охрид, информираат од таму.

Еден од најдобрите начини за превенција на кожните заболувања е едукацијата и стекнувањето на добри и здрави навики.

Токму затоа, dm дрогерие маркт втора година по ред организира бесплатни дерматолошки прегледи, на кои сите посетители ќе можат бесплатно да се прегледаат и да добијат совети за нега и заштита на кожа од стручните дерматолози д-р Елизабета Ризова и д-р Радмила Ончева.

Оваа година, бесплатните дерматолошки прегледи на dm ќе се одвиваат на неколку локации: 9. јуни во Парк шумата Гази Баба во Скопје од 11 до 15 часот, 15 и 16. јуни во Градскиот парк во Скопје во период од 12 до 16 часот и 22 и 23. јуни во Охрид од 12 до 16 часот.

Сите кои имаат желба и потреба ќе можат бесплатно да направат дерматолошки преглед, како и да добијат стручни и корисни совети за кожни заболувања и превенција од страна на дерматолозите.

Со цел поддршка на сите жени, зајакнување на инклузивноста и разбивање на табу темите и бариерите, кампањата за женско здравје на dm дрогерие маркт, во чиј составен дел се организираат и бесплатните дерматолошки прегледи, втора година по ред ќе биде во фокус на работењето на компанијата во периодот кој следува.

Соодветната нега и заштита на кожа е само една од многуте теми кои ќе бидат опфатени во рамки на кампањата. Со ова, се цели кон инспирација на заедницата кон позитивни промени и создавање на здрави навики.

Само за потсетување, минатата година како дел од кампањата за женско здравје, dm за првпат организираше бесплатни дерматолошки прегледи на плажата Golden Beach во Охрид, каде што сите посетители имаа можност да добијат бесплатен преглед и совети за заштита на кожата.

Дополнително како дел од оваа кампања, dm спроведе бројни советувања и работилници со експерти на теми поврзани со женското здравје, а исто така распиша и конкурс за пријава на проекти за подобрување на менталното и физичко здравје на жената, каде шест од вкупно седумдесет пријавени проекти беа финансиски поддржани со над три милиони денари, информираат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Актерот Никола Ристановски прогласен за заслужен граѓанин на Општина Карпош за 2019

Редакција

Штипскиот математички гениј Дамјан Давков освои сребро на Светската математичка олимпијада

Редакција

Изложба на Марина Убавкова, „Портрет и личност“

Редакција