еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

Препис од чудотворната икона на Пресвета Богородица – Скоропослушница од светогорскиот манастир Дохијар, ќе биде донесена во Побожје

Во сабота, на 5. април 2025 година, во село Побожје, скопско, ќе биде донесен препис од чудотворната икона на Пресвета Богородица – Скоропослушница од светогорскиот манастир Дохијар.

„Свечениот пречек на иконата ќе биде во 16:00 часот, пред манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“, над селото Побожје.

Потоа ќе биде отслужена Воскресна вечерна богослужба, со која ќе началствува Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со свештенослужители на Скопската епархија,“ се вели во соопштението од Канцеларијата на Скопската епархија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Несекојдневно сведоштво за борбата за живот на пациент заразен од Ковид-19

Редакција

Од денеска скијање во ски-центарот „Стрежево“

Редакција

Почина модната легенда Пјер Карден

Редакција